Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ во Охрид годинава ќе има место за нови 125 ученици

Охрид, 10. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е аплицирањето за сместување во државните ученички домови во Република Македонија.

Слободни се вкупно 2.578 места за сместување и исхрана на ученици од средното образование, во 18 домови.

Во ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ во Охрид ќе има место за нови 125 ученици. Рокот за електронско пријавување на учениците кои се запишани во втора, трета и четврта година е веќе завршен, а за учениците кои се запишани во прва година ќе трае до 9-ти јули.

Учениците, кои имаат електоронска апликација, комплетната документација ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување, заклучно со 15-ти јули. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука