ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Атина Рувинова најдобра на натпреварот по информатика – Купот во Белград

Охрид, 10. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Деветтоодделенката од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид Атина Рувинова, беше најдобра на натпреварот по информатика – Купот во Белград, Србија, каде претставници од повеќе земји се натпреваруваа по математика, физика и информатика екипно и поединечно.

Таа беше единствен претставник на Република Македонија по информатика и го освои златниот медал, освојувајќи максимален број бодови.

Натпреварот за домаќините беше со физичко присуство, додека учесниците од другите земји пристигнати во Белград на натпреварот настапуваа онлајн

Најновиот успех на Атина доаѓа по освојувањето на првото место оваа година на регионалниот натпревар по информатика и првото место на државниот натпревар по информатика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука