Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Две награди за КУД „Дримкол“ на фолклорен фестивал во Хрватска

Вевчани, 11. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – КУД „Дримкол“ од Вевчани од 8-ми до 11-ти јули учествуваше на 20-тиот фолклорен фестивал во Велика Горица, Хрватска.

– Во рамки на фестивалот, „Дримкол“ одржа концерт на плоштадот „Бана Јелачича“ во центарот на Загреб како и два концерти во Велика Горица. Во официјалната програма на фестивалот кој има натпреварувачки карактер, „Дримкол“ се претстави со традиционални изворни песни и ора од Вевчани при што ги освои двете најзначајни награди за Сценски настап и за Техничка изведба. Учеството на овој фестивал е дел од националната програма за меѓународна дејност и се реализира со поддршка на министерството за култура на нашата земја, информираат од КУД „Дримкол“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука