Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Две години It Cafe

Охрид, 12. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Под слоганот „Охрид е еден, It Cafe е единствено“, пред две години започна со работа тогаѓ новото урбано катче во срцето на охридската чаршија.

Од тогаш It Cafe прерасна во одлично место за забава, за првото утринско кафе, вкусен ручек или едноставно, поминати моменти во прекрасно уреден амбиент, со врвна понуда и услуга.

– Ве покануваме заедно да го прославиме нашиот втор роденден. Повелете на местото во кое секогаш Ве дочекуваат насмеани лица, пријатен амбиент, прекрасни пијалоци и вкусна храна приготвена со многу љубов. Двојна радост за вториот роденден – двојна недолива понуда: кафе и торта бесплатно во текот на целиот ден. Најдобриот почеток на неделата е токму кај нас, порачуваат со љубов од It Cafe. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука