Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Сонце, лето, љубов… Златен даб – Официјално пиво ова лето во Охрид

Охрид, 12. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите соработуваат со најуспешните, порачуваат од водечката локална радио станица, охридското Супер радио, од каде најавуваат уште една соработка ова лето, овој пат со Тамаро маркетите и Прилепска пиварница.

– Заедно со Тамаро и Супер радио ова лето ќе се забавуваме, ќе добиваме многу награди со најдоброто Златен даб пиво на Прилепска пиварница. Секој ден награди на Супер радио, забави по охридските плажи со популарниот Wik Kakarotski и неговата СУПЕР екипа, порачуваат организаторите.

И ова лето ќе имаме СУПЕР лето, исполнето со СУПЕР активности и многу одлична музика и забава на СУПЕР радио.

May be an image of one or more people and text that says 'SUPER RADIO197 RADIO tm oxpиA HиKoraw oxpиAHиKorawHe3By4eл He 3By4eл noAo6po SUMMER 2021 positive music 4 positive people'

Охрид никогаш не звучел подобро, позитивна музика за позитивни луѓе. Под овој слоган, охридското Супер радио, со години највлијателниот медиум во поширокиот регион, ја реализира летната програмска шема.

– Ја оставаме короната зад нас, време е за лето, за насмевки и многу позитивна енергија за позитивните луѓе. Ќе имаме многу повеќе музика, програмата ќе биде порастеретена и прилагодена на комплетната летна шема која стартува наскоро. Тука се и бројните награди за нашите најдобри слушатели, ќе имаме заеднички проекти со дел од најголемите компании во државата, ќе излеземе надвор од студиото и ќе бидеме уште поблиску до Вас, потенцира Јане Стефанов, главниот и одговорен уредник на Супер радио.

Секако тука се и проверените информации од Охрид и околината, кои се однесуваат на локалната заедница. Заедно со информативните портали OhridPress и Inpress, Супер радио останува број 1 медиум во овој дел на државата, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука