COVID-19 Здравје Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува теренска вакцинација во руралните средини од охридскиот регион и општина Дебрца

Охрид/Дебрца, 13. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Втор ден од теренска вакцинација против COVID-19 во руралните средини од охридскиот регион и општина Дебрца.

Согласно распоредот направен од Здравствен дом Охрид денеска ќе се имунизираат жителите на селата Мешеишта, Климештани, Ботун, Злести и Белчишта.

Денес во Белчишта прва доза вакцина прими и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.

Можно е да е слика од 1 лице и внатре

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека распоредот ќе биде повтрувачки, нема да се оди само еднаш во едно оддалечено село или населено место, туку тимот ќе ротира откако сите мали места еднаш ќе бидат покриени согласно распоредот и сето тоа ќе продолжи да се одвива и на терен.

– Ќе се вакцинираат сите што ќе бидат на местото одредено за вакцинација и што ќе покажат интерес во текот на денот. Тоа ќе се повтори кога ќе заврши циклусот, кога ќе се поминат сите места одредени од здравствените домови, рече Филипче.

Вели дека засега не се размислува да се бараат потврди за вакцинација или негативни тестови на коронавирусот за влез во земјава – ниту за наши, ниту за странски државјани.

– Епидемиолошката состојба е мирна, но акцент треба да се стави на вакцинацијата како механизам за заштита. Вакцинацијата е единствен механизам за зголемување на колективниот имунитет и спречување нов бран. Веројатно ќе има и нови соеви на вируси, веројатно ќе има и нови мутации, меѓутоа со рестрикции не може да живееме, изјави министерот.

До четврток ќе биде отворен сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата на возраст од 12 до 16 години. Секој родител или старател кој сака да се вакцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата, по што ќе добие термин, а вакцинирањето на деца ќе започне в петок. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука