Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Земјоделците може да пријават штети предизвикани од минатонеделното невреме

Дебрца, 13. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од градот што го зафати охридскиот регион минатата недела истите може да ги пријават до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

Можно е да е слика од природа

Покрај барањето секој барател треба да достави:

  • копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • копија од трансакциска сметка;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копија од имотен лист; копија од договор за закуп ).Можно е да е слика од овошје, природа и дрво

Граѓание кои претходно поднеле барање за штета предизвикана од доцните пролетни мразеви, со барањето не мора да доставуваат копија од лична карта и трансакциска сметка. Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 28-ми јули.

1.ПРИЈАВА

2. ИЗЈАВА за ШТЕТИ

извор: ОхридПрес фото: Општина Дебрца

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука