ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро е десет сантиметри под јулскиот просек

Охрид, 13. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е на 10 сантиметри под просекот за месец јули.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) езерото е на кота од 693,48 м.н.в, што е за десет сантиметри под просекот за јули (693,58 м.н.в) и за 38 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

Можно е да е слика од текст кој вели „землоделство шумарствои управа работи- (споредба табела хидролошка реките природните езера претходниот ден очекувана тенденција наредниот ден) водостои прикажани cm измерени 13.07.21 07:30 река легуновце- вардар жм вардар велес- 59 77 14.07.21 36 67 вардар јули просек 40 76 48 16 22 28 74.0 брегалница 20 12 струмица 72 нд сатеска 98 табела 62 MHM измерени з.преспа 7:30 часот 146.98 842.49 842.49 = температури 844.19 вода 23.8 ез.преспа охрид 07:30 24.8 23.0 вода наколец- з.преспа охрид ез.охрид нд 22.8 13:30 часот 14:00 25.5 инфо инфо 14:00 инфо 14:00 директор, костадин ацевски“

Oд почетокот на месецов езерското ниво е опаднато за четири сантиметри. Температурата на водата и натаму е над јулскиот просек и изнесува 24 степени.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер. од јужен правец.

UV индексот  9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.

– До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. Во петок кон крајот на денот во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука