Избор Култура ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

МОФ и ООУ „Григор Прличев“: „Со уметност против говорот на омраза“

Охрид, 13. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – „Со уметност против говорот на омраза“ е насловот на проектот кој младите активисти од клубот „Артивизам“ при Младинскиот образовен форум (МОФ) го реализираа во соработка со OОУ „Григор Прличев“ од Охрид.

– Со тоа тие ја остварија својата иницијатива за цртање графити и покривање на испишаните натписи кои содржат говор на омраза. Овие акции на Младински образовен форум се со поддршка од Хелсиншки комитет за човекови права. Ајде без изговори да се почитуваме, да се слушаме еден со друг, да умееме да ги зачуваме делата на ниво кое доликува, порачуваат од OОУ „Григор Прличев“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: OОУ „Григор Прличев“ Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука