18 нови случаи на COVID-19, нема новозаболени лица од Охрид
Скопје, 14. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 11
• Тетово 6
• Свети Николе 1
Не се регистрирани починати пациенти.
Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од:
• Скопје 3
• Битола, Струмица , Кичево и Берово по 1
Досега во земјата се направени вкупно 917.179 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |