Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Вечерва хуманитарен Jam session во чест на охридскиот музичар Андреј Лаброски

Охрид, 16. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва ќе се одржи хуманитарен Jam session, во чест на младиот охридски музичар Андреј Лаброски.

Датумот е одбран симболично, 16-ти е датумот на раѓање на Андреј.

Почитувани пријатели, другари и колеги, сите оние кои се почитувачи на ликот и делото на Андреј Лаброски со огромна чест и задоволство ве каниме да се собреме сите заедно да го одбележиме неговиот роденден. Иако него веќе го нема нека не води неговиот дух и неговата идеја за подобро утре за сите. Ги покануваме сите колеги музичари кои се во можност активно да земат учество во овој настан, бината е ваша, велат од ансамблот „Билјана“, чиј член беше Лаброски.

Натанот ќе се одржува на плажата во хотелот „Аквалина“ од 21:00 часот и е од хуманитарен карактер. Картите се купуваат на самиот влез и се по симболична цена од 100 денари. Собраните средствата ќе се донираат на Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука