Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Три нови имиња во таборот на ГФК Охрид Лихнидос

Охрид, 16. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Редовите на ГФК Охрид Лихнидос за следната напреварувачка сезона засилени со три нови имиња.

Дел од „рибарите“ ќе бидат Албин Рамадани, Јусуф Алиу и Кристијан Петкоски. Двоецот Рамадани-Алиу доаѓа од Велазерими, а Петкоски од Воска Спорт.

Периодов се крои и костурот на тимот. Рамадани, Алиу и Петкоски им се придружија на Игор Клечкароски, Мурат Адили и Сашо Шопоски, додека пак Љупчо Трпески, Ајрадин Цуцули, чуварот на мрежата Никола Симоновски, капитените Ромео Кочоски и Александар Бакулески, младите Славе Маркоски, Атдхе Мазари, Виктор Наумоски и Дарко Цветаноски ги продолжија договорите со клубот.

Можно е да е слика од 1 лице, спортување, стоење и трева

Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос неделава ги стартуваа подготовките за новата сезона во Втората македонкса лига, што треба да започне во втората половина на август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука