Избор Општина Дебрца Туризам

Општина Дебрца добива модерен планинарски дом, почна реконструкцијата на старата училишна зграда во Брежани

Белчишта, 16. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Како што беше најавено на почетокот на годинава, почнаа активностите за општина Дебрца да добие модерен планинарски дом.

Во селото Брежани стартуваа реконструктивните зафати за пренамена на старата училишна зграда во планинарски дом, во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија-Албанија, а кој општина Дебрца го имплементира со партнерите: ОО Црвен Крст Охрид и Алпинистичкото друштво „Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна.

Можно е да е слика од внатре

Нема опис за фотографијата.

Нема опис за фотографијата.

Овој проект е во директна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во извонредна, високо развиена туристичка дестинација, потенцира градоначалникот Зоран Ногачески.

– Општина Дебрца, со целокупното природно и културно наследство што го има и кое е дел од наследството на УНЕСКО, со планинските масиви, како Славеј Планина, Караорман, Стогово, Мазатар и Илинска Планина е природно предодредена за развој на планинскиот и зимскиот туризам. Секако предуслов за тоа е да се осигура безбедноста на туристите, истакна Ногачески.

Ќе се изврши целосна реконструкција и опремување на зградата, а за што ќе бидат инвестирани околу 85.000 евра. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: општина Дебрца

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука