COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Од понеделник вакцинација и ревакцинација во Охрид ќе се врши во модуларната болница и Здравствен дом, во салата „Билјанини извори“ вакцинирани околу 60.000 граѓани

Охрид, 16. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од понеделник, 19-ти јули, вакцинација и ревакцинација во Охрид ќе се врши во модуларната болница и Здравствен дом.

Како што објави Супер радио и OhridPress денес заврши со работа Регионалниот пункт за имунизација против COVID-19 во Охрид, сместен во спортската сала „Билјанини извори“, па од следната недела прва и втора доза вакцина ќе се прима во модуларната болница за што веќе се подготвени простории, како и во вакциналниот пункт на Здравствен дом Охрид.

– Се префрламе од спортската сала, од 19-ти јули масовна ревакцинација како и процесот на вакцинација ќе се одвива во модуларна болница, а населението ќе се имунизира и во вакциналниот пункт при Здравствениот дом. Покрај со термин, вакцинација се врши и без закажување, само со приложување на документ за лична идентификација, а во тек е и теренската вакцинација, потенцира директорката на Здравствен дом д-р Ајсел Зејноска.

Охрид беше еден од градовите каде се отвори регионален пункт за имунизација на населението против COVID-19. Започна да функционира на 4-ти мај и тука се вакцинираа жителите на Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Во изминатиов период тука се вакницираа околу 60.000 граѓани, информира за Супер радио и OhridPress директорот на Општата болница, д-р Горан Балески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука