COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Општина Дебрца Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Продолжува теренската вакцинација во Охрид и Струга

Охрид/Струга, 17. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува теренската вакцинација во повеќе населени места во општините во Република Македонија.

За денеска, во регионот на Охрид и Струга предвидено е вакцинирање во:

– Струга во Луково и Нерези и во

– Охрид во селата Годивје, Сливово, Турије, Мраморец, Врбјани.

Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници.

– Со помош на локалните медиуми и плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот во кое село, населба или рурално населено место ќе се врши вакцинација. Молам за поддршка од секој граѓанин во овој процес. Имаме мирна епидемилошка состојба и доволно вакцини односно идеални услови да вакцинираме што поголем број на граѓани. Комуницирајте со вашите блиски и познати ако се уште не се вакцинирани да го направат тоа во најбрз рок. Само така ќе ја победиме пандемијата, порачуваат од Министерството за здравство на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука