ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2021 Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Пецаков или Георгиески, кој ќе биде новиот градоначалник?

Охрид, 17. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Откако беа објавени имињата и на двајцата најсериозни кандидати за градоначалник на Охрид, д-р Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и д-р Константин Георгиески од СДСМ, името на новиот градски татко е топ тема во Охрид, а истото се пренесува и на социјалните мрежи.

Оваа информација, сосема очекувано е една од најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

Охриѓани и овој пат со поделени мислења. Едни се за едниот, други за другиот кандидат, а дел се осврнуваат и на досегашната „пракса“, која продолжува и за овие избори, односно фаворизирањето на докторите како професија од страна на партиите при изборот на кандидатите… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука