ЕКОЛОГИЈА Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Протест за затворање на депонијата „Буково“ во близина на Охрид

Охрид, 17. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Жители на околните села во близина на планинскиот превој Буково денеска протестираа против работењето на депонијата „Буково“, притоа блокирајќи го пристапот на камионите и механизација на депонијата.

Тие се изреволтирани поради тоа што отпадот на депонијата гори, притоа се шири мошне непријатна миризба која не само што е тешко поднослива туку, како што нагласуваат, и опасна по нивното здравје, јави Канал 5.

Нивните барања се задолжително да се преземат активности за затворање на депонијата „Буково“ каде се одлага отпадот од Охрид, Ресен и населените места од регионот, со најава дека ќе го блокираат пристапот до локацијата се додека не се санира односно не биде изгаснат пламенот што го загадува воздухот.

Според најавите на учесниците на протестот, тие и наредните денови ќе дежураат на пристапот кон депонијата, за да спречат дотур на отпад се’ додека не се најде решение за нивниот проблем. Непријатна миризба од депонијата кога гори понекогаш се чувствува дури и во Охрид, кој е на дваесеттина километри оддалеченост од „Буково“.

Комплетната вест ОВДЕ. (Крај)

извор: Канал 5 фото: ТвМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука