ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

A1on: По удар на гром, две лица повредени на плажа во Охрид

Охрид, 18. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Две лица се пренесени во болница, откако биле повредени по удар од гром.

Настанот се случи на плажата „Оревче“, во близина на кампот „Градиште“ во Охрид, попладнево, откако градот го зафати силно невреме, проследено со дожд, ветер и грмежи, јави A1on.

Неофицијално станува збор за две лица од Ресен и Битола, кои биле итно пренесени во Медицинскиот центар во Охрид.

Едното лице имало изгореници на раката, додека другото се жалело на проблеми со слухот. (Крај)

извор: A1on фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука