Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Влатко Стефановски Трио на 5-ти август на Антички Театар

Охрид, 18. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Влатко Стефановски Трио најавува врвна музичка претстава на Антички Театар под ѕвезденото охридско небо.

Гитарскиот виртуоз заедно со извонредните Јан Стефановски и Иван Кукиќ гарантираат возбудливо музичко патување и уживање во добро познатите рефрени.

Од организаторот на концертот – Баги Комуникации потенцираат дека како и секогаш кога е во прашање Влатко Стефановски, треба да очекуваме одлично концертно доживување кое долго ќе се памети, особено поради извонредниот музички материјал, виртуозноста на гитаристот и музичарите, секако надополнето со магичниот амбиент на Античкиот Театар во Охрид.

Концертот е поддржан од Комерцијална Банка АД Скопје, а билетите се продаваат во ограничен број заради почитување на Covid-19 протоколите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука