Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

И Супер радио денеска свечено го пушти во употреба новиот фрижидер (Фото)

Охрид, 19. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во знак на поддршка на „колегите“ од МПС Кавадарци, и охридското Супер радио денеска свечено го пушти во употреба новиот фрижидер.

– Во насока на подобрување на забавата ова лето и доделување на максимален број награди на најдобрите слушатели, МПС Супер радио при Министерството за звук и добра музика (МЗДМ), свечено го пушта во употреба новиот фрижидер во кој ќе ги чуваме ладни наградите кои од денеска ќе започнеме да ги доделуваме, заедно со нашите пријатели од Тамаро маркетите и Прилепска пиварница. Сонце, лето, љубов… Златен даб – Официјално пиво ова лето во Охрид. Започнуваме со МНОГУ награди ова лето, ќе ги има секој ден во големи количини, подгответе се. Уште и забави по охридските плажи… Стартуваме во 10:00 часот на Facebook профилот на Супер радио, порачаа од водечкиот медиум во овој дел на државата.

Ова е само дел од промотивната кампања за дел од проектите кои  и ова лето, Супер радио ги има со дел од водечките компании во државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука