Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се прска против комарци во охридскиот регион

Охрид, 19. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – По бројните реакции меѓу охриѓани дека се доцни со запрашувањето и неколку неуспешни обиди за избор на фирма, додека во други градови е прскано дури и по три пати, денеска конечно ќе се спроведе дезинсекција во Охрид и крајбрежниот појас.

Теристичкото запрашување ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од село Подмоље до хотел „Парк“ и подножјето на планината Галичица (населба Билјанини извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св. Наум.

Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука