Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Пристигнува првата група холандски туристи на охридската ривиера

Охрид, 19. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во 15:20 часот со чартер лет на туроператорот „ТУИ“ на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ од Ајндховен ќе слета првата тура со холандски туристи на охридско-струшката ривиера, по пауза од една сезона.

На аеродоромот ќе ги пречека министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, претставници од ТАВ.

Се очекува да пристигнат 121 турист од Холандија, а со чартер летот доаѓаат и претставници од менаџментот на туроператорот „ТУИ“. Според објавениот распоред на летање, ќе има по два чартери неделно, во понеделник и петок.
Првиот човек на Агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски очекува до септемви да имаме холандски гости на ривиерава, но помалку споредено со периодот пред корона кризата.

Македонските власти не донесоа рестриктивни мерки при влез во земјава, но се ќе зависи од тоа како ќе се одвива состојбата со вирусот кај нас и во останатите земји, особено од каде очекуваме гости, бидејќи секоја земја и индивидуално си носи одлуки околу рестриктивните мерки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука