Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Селективниот Георгиески создаде хаос со плажите, платформите и урбаната опрема

Охрид, 19. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Туристичка сезона започната, а Георгиески никако да воведе ред на плажите. Георгиески селективно започна со отстранувањето на платформите кои повторно гледаме како се враќаат назад, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Дали Георгиески застана само затоа што повторно започнува период на предизборни пазарења? Георгиески сега дозволи да се узурпира јавниот простор со лежалки, да има самоволна наплата за паркирање возила и слични дејности. Со СДСМ и Георгиески на власт имаме урбан хаос, беззаконие, самоволие и девастирање на светското природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО кое сега е на листата на загрозени подрачја. Георгиески направи ненадоместливи штети за туризмот, за угостителите и луѓето кои живеат од туризмот и затоа охриѓани ќе го казнат на претстојните локални избори, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука