COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

9 нови случаи на COVID-19, во Охрид нема новозаболени, регистрирани 9 оздравени лица

Скопје, 19. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 4
• Тетово 4
• Кичево 1

Не се регистрирани починати пациенти.

Регистрирани сe 53 оздравени пациенти од:

• Скопје 17
• Тетово и Охрид по 9
• Кичево 8
• Битола, Прилеп и Кавадарци по 2
• Куманово, Гостивар, Струмица и Дебар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука