Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на патот Струга-„Ќафасан“, повредени 5 лица, меѓу кои и двајца полицајци

Струга, 19. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти јули 2021 година, во 17:20 часот, на магистралниот пат Струга-Граничен премин „Ќафасан“, во близина на крстосницата за селото Мали Влај, се случила сообраќајна незгода во која се повредени пет лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „Бмв“, со швајцарска национална ознака, управувано од страна на 38-годишниот Р.Н. од гостиварското село Градец, и патничко возило марка „Мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Г.М. од Охрид. Во незгодата, двајца полициски службеници, возачот на возилото „Бмв“ и двајца сопатници од неговото возило се здобиле со повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука