Утре започнува „Beach Film Festival“ во Охрид
Охрид, 20. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со акустичниот концерт со Хана Корнети, утре со почеток од 20:30 часот, започнува 4-тото издание на „Beach Film Festival“ во Охрид.
На три локации во градот – плажата „Горица 3“, Лапидариумот и бродот „Армада“ ќе се одвиваат планираните активности. Покрај филмските проекции на плажата „Горица 3“, во Лапидариумот ќе се одржи работилница за филмска критика.
Планирано е да се одржат и музички настани со Dj Хана Корнети, Хамбар, Емили Јањиќ, Андреј Татарчевски, Мартина Пенева и Никола Лошковски. Целата програма со селектираните филмови за предвидените проекции може да се види овде.
Влезот на „Beach Film Festival“ во Охрид е слободен, а петте фестивалски денови ќе завршат со доделувањето на наградите за филмските остварувања на 25-ти јули, со почеток од 21:00 часот, на плажата „Горица 3“. (Крај)
извор: Мета фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |