Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Привршуваат теренските активности на базиликата кај „Св. Еразмо“

Охрид, 20. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Привршуваат теренските активности на ранохристијанската базилика кај „Св. Еразмо“.

– Остатоците од архитектурата на градбата и мозаичните подови кои ги краселе презвитериумот, наосот и нартексот на базиликата беа откриени за прв пат по речиси 50 години, со што се овозможија услови за спроведување на конзерваторски истражувања и за изработка на детална документација. Теренските активности ги координираше Анита Танеска, а конзерваторите Ванчо Димоски и Никола Патчев од НУ Завод и Музеј – Охрид ја спроведуваа деликатната акција за отворање на мозаиците, информираат од охридскиот Завод и Музеј.

May be an image of one or more people and body of water

Додаваат дека по целосното расчистување на градбата беше извршено геореференцирано фотограметриско снимање од страна на д-р Христијан Талевски од Институтот за старословенска култура од Прилеп. Од фотограметриските снимања ќе биде изработен 3Д модел на објектот кој ќе биде достапен на пошироката јавност преку интернет платформите, а истите снимања ќе послужат и за изработка на проектите за конзервација на архитектурата и на мозаиците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Завод и Музеј Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука