Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охрид доминира во Билтенот на МВР: Физички напади, помор на риба, постара жена касната од куче скитник…

Орхид, 20. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид диминира во денешниот Билтен на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР).

На 19.07.2021 година во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир со физички напад извршен на 18.07.2021 година во 20.30 часот од А.А. врз неговата сопруга, двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2021 година во СВР Охрид, пријавен е помор на риби од рибник, лоциран кај месноста „Речица“ на пат кон охридското село Куратица. Од извршениот увид, констатирано е дека поради прекин на електрична енергија во рибникот дошло до помор на 260 парчиња риба Охридска пастрмка.

На 19.07.2021 година во 16.30 часот на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, Р.К.(46) го нарушил јавниот ред и мир и физички ја нападнал Д.П.(75), двајцата од Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2021 година, Ј.Д.(83) од Охрид во надлежната полициска станица пријави дека на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид била касната од куче скитник. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука