COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Филипче: Далеку сме од колективен имунитет, ако се соочиме со нов бран, ќе има рестрикции од септември

Скопје, 20. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Висок процент од заразените од COVID-19 се невакцинирани, а сé уште сме далеку од колективен имунитет за кој е потребно да се вакинираат 80 отсто од граѓаните, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцината не е задолжителна, се размислува за воведување на некакви ограничувања од септември или од октомври, доколку се соочиме со нов бран.

– Бевме свесни дека ќе се соочиме со анивакцинална кампања, како пред две години во случајот со морбилите. Не може сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира. Не можеме да живееме затворени, мора светот да функционира, да биде отворен. Затоа е всушност и вакцината. Граѓаните треба да се свесни, дека ако не се вакцинираат има шанса да заболат од болест предизвикана од вирусот и може да завршат во болница и да бидат со тешки компликации, истакна Филипче.

Покрај на пунктовите додаде дека ќе продолжи и теренската вакцинација во насока на зголемување на бројот на вакцинирани. Досега се вакцинирани околу 450.000 граѓани, од нив ревакцинирани околу 270.000. Вакцинирани се над 85% од здравствените работници и по над 50% во градинките и основните и средни училишта.

Филипче потенцира дека внимателно се следи епидемиолошката состојба и ќе се преземат мерки доколку е неопходно. Последнава недела се детектирани уште пет нови случаи на делта сојот, од кои три се од Скопје, по еден од Куманово и Тетово. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука