COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

21 нови случаи на COVID-19, нема новозаболени во Охрид

Скопје, 20. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

Скопје 8,

Тетово 4,

Куманово и Гостивар по 3,

Кавадарци, Кочани и Кичево по 1

Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од:

Тетово 8,

Скопје 5 и Гостивар по 1.

Пријавено е едно починато лице од Скопје (56 години) во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 935.732 тестирања на Covid-19.

Вкупниот број Covid-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.951, бројката на оздравени пациенти е 150.237, на починати е 5.488, а на активни случаи изнесува 226. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука