Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бочварски: Преговараме со „Синохидро“ за автопатот Охрид-Кичево, потоа договорот оди во Собрание, но не по секоја цена

Скопје/Охрид, 21. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – За автопатот Кичево-Охрид имавме репроектирање поради тоа што 25 проценти од трасата беа неупотребливи со стариот проект, изјави синоќа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Тој напомена дека се изработуваат нови проекти и дека инфраструктурните зафати се одобруваат во Министерството за транспорт и врски и се направи анекс договор.

– Преку ЈП Државни патишта преговараме за продолжување на рокот со „Синохидро“, но не прејудицираме. Секако, доколку се прифатат нашите барања за стриктни и прецизни рокови за конечна изградба на автопатот. Таков договор ќе прифатиме и ќе го пуштиме во Собранието на гласање, но не по секоја цена, поради тоа што ние гарантираме до кога ќе ги завршиме нашите обврски за овој автопат, рече Бочварски. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука