Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Глигор Дончев нов фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос

Охрид, 21. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Редовите на ГФК Охрид Лихнидос засилени со уште еден фудбалер.

Глигор Дончев доаѓа на левата бековска позиција, а доаѓа од тимот на Саса.

Досега „рибарите“ го засилија составот со Албин Рамадани, Јусуф Алиу , Кристијан Петкоски, Игор Клечкароски, Мурат Адили и Сашо Шопоски, додека пак Љупчо Трпески, Ајрадин Цуцули, чуварот на мрежата Никола Симоновски, капитените Ромео Кочоски и Александар Бакулески, младите Славе Маркоски, Атдхе Мазари, Виктор Наумоски и Дарко Цветаноски ги продолжија договорите со клубот.

Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос неделава ги стартуваа подготовките за новата сезона во Втората македонкса лига, што треба да започне во втората половина на август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука