Избор Свет

УНЕСКО му го одзеде на Ливерпул статусот на светско наследство

Фужоу, 21. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – УНЕСКО му го одзеде на Ливерпул статусот на светско културно наследство зашто многуте години градење предизвикале непоправлива штета на историската вредност на неговото викторијанско пристаниште.

На денешниот состанок во Кина, УНЕСКО соопшти дека „неверојатната универзална вредност на крајбрежјето на Ливерпул е уништена од нови згради“, вклучувајќи го новиот стадион на Евертон, вреден 500 милиони фунти.

Ова е понижувачки удар за градот кој стана само трето место кое го изгубило престижниот статус на УНЕСКО во изминатите 50 години. Ваква судбина претходно ги снајде и засолништето на орикси во Оман (2007) и долината на Елба во Дрезден (2009).

Ливерпул го доби статусот на светско наследство во 2004 година поради историјата на голем центар за трговија за време на Британската империја и поради архитектурата. (Крај)

извор: СДК фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука