Хроника

Приведен охриѓанец кој се однесувал агресивно кон вработени во ЈП „Билјанини извори“

Охрид, 21. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти јули 2021 година, околу 19:00 часот на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 47-годишниот Н.С. од Охрид.

– Тој, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработени во Јавното претпријатие „Билјанини извори“ и со кршење на наплатната куќарка и инвентарот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука