Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Српскиот ракометар Милошевиќ и Шилегов доаѓаат во Охрид, Кривокапиќ останува верен на „гладијаторите“

Охрид, 21. јули (ОХРИДПРЕС) – Српскиот ракометар Алекса Милошевиќ e нов член на ГРК Охрид.

Десниот бек во Охрид доаѓа од Црвена Ѕвезда каде ги помина последните шест месеци.

Нов ракометар е десното крило Мице Шилегов, кој направи трансфер од редовите на Металург.Претходно средниот бек Филип Кривокапиќ го продолжи договорот и уште една сезона останува во ГРК Охрид.

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, луѓе што спортуваат и внатре

Претходно нови догоговори со охридскиот клуб потпишаа Крсте Андоновски, Мартин Манасков, Иван Тасески, Јагош Брауновиќ и Филип Николов, а си заминаа Денис Тот и Игор Чагаљ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука