COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

15 нови случаи на COVID-19, нема новозаболени лица во Охрид

Скопје, 21. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 10
• Куманово и Дебар по 2
• Тетово 1

Не се регистрирани починати лица.

Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од:

• Скопје 5
• Тетово 1

Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука