ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

ЕКО ФАП спроведе акција за чистење пред Општа болница: Мала благодарност што се грижеа за нас во овој тежок период

Охрид, 22. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Откако неодамна доби донација од уште две противпожарни возила, охридското здружение ЕКО ФАП продолжува со активности во насока на поубав и почист Охрид.

Последната акција на оваа исклучително активна дружина беше чистење на надворешниот простор пред охридската Општа болница.

– Мала благодарност и признание кон Општа болница Охрид што се грижеше за сите нас во овој тежок изминат период, порачаа од ЕКО ФАП.

May be an image of outdoors

May be an image of road

Досега реализираа бројни еко акции, кои треба да се поддржат од целата заедница и да бидат насока како се сака и чува животната средина.

Неодамна ЕКО ФАП доби донација од уште две противпожарни возила, со што се чекор поблиску до реализација на идејата за формирање на доброволно противпожарно друштво во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Горан Устијаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука