ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

УНЕСКО денеска ќе одлучува за охридскиот регион

Охрид, 22. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на 44-тата седница на УНЕСКО која оваа година се одржува во Кина, денеска ќе се одлучува дали охридскиот регион ќе се најде на листата светско наследство во опасност.

Многу од одлуките и препораките на Комитетот од последните шест години и претходните мисии не се имплементирани, неколку се само делумно и недоволно спроведени а извесен број не се воопшто адресирани. Комитетот е длабоко загрижен за заклучоците на мисијата од 2020 година, според кои високите објекти близу езерото, слабиот архитектонски квалитет на изградената средина и несоодветната и претерана употреба на крајбрежната зона за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание врз универзалната вредност на регионот.

УНЕСКО вчера му го одзеде на Ливерпул статусот на светско културно наследство зашто многуте години градење предизвикале непоправлива штета на историската вредност на неговото викторијанско пристаниште. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука