COVID-19 Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува теренската вакцинација во охридско-струшкиот регион

Охрид, 22. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува теренската вакцинација во руралните средини во охридско-струшкиот регион.

Минатата недела се имунизираше населението во општина Дебрца, а денес ќе бидат опфатени селата во околината на Охрид. Согласно планот, ќе се вакцинираат жителите од селата Рамне, Велестово, Рача, Шипокно и Коњско, Елшани, Лагадин. Во струшко ќе се вакцинираат жителите на Корошишта.

Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука