Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во сабота започнува рехабилитацијата на регионалниот пат Ресен-Охрид преку Галичица

Охрид, 22. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од сабота, 24-ти јули ќе започне рехабилитацијата на коловозот со гребење и асфалтирање на регионалниот пат Р-2332 Ресен-Охрид, преку Галичица, информираат од ЈП Македонија пат.

Според најавите, на самото место ќе биде поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Од Јавната установа Национален парк „Галичица“ од Охрид информираат дека патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај за сите моторни возила во наредните десет денови, во периодот од 23-ти јули до 7-ми август 2021 година поради реконструкција на коловозна конструкција.

– Овој патен правец дваесетина години наназад се затвора за секаков вид сообраќај од октомври до март. На одлуката за затворање на овој патен правец регираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен и Охрид, потенцираат од Националниот парк „Галичица“.

На овој патен правец секоја година се воведува забраната за движење која стапува на сила на 15-ти ноември и важи до 1-ви април следната година.

Години наназад забраната за сообраќај во овој период од годината стана пракса, а од сезона во сезона Галичица станува се’ поатрактивна за вљубениците во планинарењето, односно алтернативните форми на туризам. Секоја зимска сезона, освен што е проблем чистењето на снегот и одржувањето на овој патен правец, истиот е сообраќајно небезбеден.

Стручните лица, но и рекреативците во повеќе наврати потсетуваат за ваква состојба, патот е тесен, со остри кривини и на делови уништена заштитна ограда. Но, засега никој не презема одговорност, ниту конкретни чекори за санирање на состојбата. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука