Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Раздолжувањето на општина Охрид со долгорочно задолжување денес пред советниците

Охрид, 22. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Раздолжувањето на општина Охрид по пат на кредитно задолжување од деловна банка денеска на усвојување пред градските советници.

Согласно изработената физибилити анализа, вкупниот тековен долг на општина Охрид, заклучно со 31-ви март годинава изнесува 295,753,912.00 денари, кој се состои од камати, главници заедно со процесни и извршни трошоци. Добар дел од обврските ги сочинуваат и затезните камати на доспеан долг, како и трансакциски и извршни трошоци. Се предвидува подигнување на банкарски кредит со рок на отплата 10 години, максимална годишна камата од 5% и две години грејс период.

– При брза отплата на долгот преку доглорочен банкарски заем со грејс период од две години се заштедуваат скоро 66 милиониденари,или просечно околу 6.6 милиони денари годишно. Ова е значаен буџет за општина Охрид за финансирање на разни стратешки проекти и иницијативи. Преку елиминирање на сите доспеани обврски,уште во текот на третиот квартал на 2021 година, Основниот Суд во Охрид ќе ја запре одлуката за блокирање на општината, стои во физибилити анализата.

Покрај тоа на седницата ќе се одлучува и по предлог одлуките за утврдување на работното време на вработените и за формирање групи со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број во ЈУ Детска градинка „Јасна Ристеска“ Охрид.

Меѓудругото ќе се расправа и околу давање согласност на годишниот план за вработување на ООУ„Григор Прличев“ Охрид за 2022 година и за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка за формирање на Младински центар Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука