Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Притвор за лицето кое лажно пријавуваше поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид

Охрид, 22. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „лажно пријавување на кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот З.И. од ресенското село Горно Крушје.

– Пријавениот, во два наврати, во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе СМС пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид. На З.И. од надлежен судија му е одредена мерка притвор, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука