Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Бишев: Охрид е местото каде започна приказната за „Охридска банка“, остануваме посветени на вработените и клиентите

Охрид, 22. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со пригодна свеченост денеска во Охрид беше одбележано присоединувањето на „Охридска банка“, своевремено еден од симболите на Охрид кон Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Охрид е местото каде пред повеќе децении почна приказната за „Охридска банка“. Голем дел од вработените на Шпаркасе банка Македонија остануваат во Охрид, нема ништо да се промени, главната филијала останува овде, рече Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија.

Нема достапен опис

– Голем дел од историјата на сега интегрираната банка е во овој град. Подеднакво ќе ги третираме сите клиенти во сите градови, меѓутоа Охрид ќе има посебно место. Голем дел од вработените на Шпаркасе банка Македонија остануваат во Охрид, нема ништо да се промени, главната филијала останува овде, исто така ќе има корпоративен центар, што ќе го опслужува целиот регион, а ќе ја има поддршката и од цела групација, во насока сите клиенти поефикасно и подобро да бидат опслужени. Нумизматичката колекција со непроценлива вредност е се’ уште во банката, ќе најде соодветно како колекција, до неа да имаат пристап сите и да го видат она што со години се создавало, истакна Бишев.

Нема достапен опис

Со завршувањето на процесот на интерграција веќе јасно е дека креираме помоќна и поголема банка на пазарот. Пазарното учество во делот на население достигнува 13,4% и во тој сегмент сме трети на пазарот , во делот на корпоративни клиенти веќе достигнуваме пазарно учество од 15% и сме второ позиционирани на пазарот, потенцира Нина Неданоска, член на Управен одбор во Шпаркасе банка Македонија.

Нема достапен опис

– Тоа е голма привилегија но уште поголема обврска, особено тука во Охрид каде имаме и најмногу клиенти. Од вкупно 140 000 клиенти кои сега ќе ги опслужуваме во 35 експозитури и со мрежа од 100 банкомати. Ние ги знаеме очекувањата на клиентите, дека очекуваат брзина, едноставност и флексибилност, подготвени сме да ги оствариме нивните барања, меѓуоа и да ги надминуваме нивните очекувања. Го и маме најдобриот тим и вработени секогаш подготвени да излезат во пресрет на клиентите, фокусот е насочен тука. Вработените во оваа зграда сите ќе останат на работа и ќе бидат максимално посветенио на остварување на барањата на клиентите, рече Неданоска.

Шпаркасе банка во југозападниот регион, поточно Охрид, Струга, Битола и Ресен може да се пофали со значајно пазарно учество опслужувајќи повеќе од 35.000 активни клиенти од сегментот население, потенцира Билјана Вранишкоска, регионален директор на Југозападен регион.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

– Заради тоа, но и со јасна визија за понатамошно унапредување на услугата го збогативме нашиот тим со повеќе од 50 професионалци кои ќе бидат директно насочени кон градење на долгорочни партнерски односи базирани на доверба со нашите клиенти, а ќе обезбедат и високо квалиететна и брза услуга, рече Вранишкоска.

Од Шпаркасе банка Македонија потенцираат дека ќе останат фокусирани и посветени на Охрид. Нивните услуги во градов ќе се нудат преку мрежа на три експозитури и девет банкомати. До крајот на оваа година е најавено реновирање на експозитурите во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука