ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

УНЕСКО не донесе одлука за Охридскиот регион, расправата одложена за утре

Охрид, 22. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на 44-тата седница на УНЕСКО која оваа година се одржува во Кина, денеска сепак не се донесе одлука дали Охридскиот регион ќе се најде на листата светско наследство во опасност и расправата е одложена за утре.

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ претходно поднесе писмо до Комитетот за светско наследство, поддржано од 18 македонски и 15 албански организации, со апел за впишување на Охридскиот регион во Листата на светски наследства во опасност. Триесет и четири организации од двете страни на светското наследство се длабоко загрижени за состојбата на Охридскиот регион, која не е последица на војна или природна катастрофа, најчестите причини за уништени вредности и прогласување на светски наследства во опасност – туку директен резултат на управувањето со наследството од страна на локалните и централните власти на двете држави.

Многу од одлуките и препораките на Комитетот од последните шест години и претходните мисии не се имплементирани, неколку се само делумно и недоволно спроведени а извесен број не се воопшто адресирани. Комитетот е длабоко загрижен за заклучоците на мисијата од 2020 година, според кои високите објекти близу езерото, слабиот архитектонски квалитет на изградената средина и несоодветната и претерана употреба на крајбрежната зона за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание врз универзалната вредност на регионот.


УНЕСКО вчера му го одзеде на Ливерпул статусот на светско културно наследство зашто многуте години градење предизвикале непоправлива штета на историската вредност на неговото викторијанско пристаниште. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука