Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во куќа во селото Требеништа, повредено едно лице

Охрид, 24. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јули 2021 година, во 05:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца, во кој сопственикот, 61-годишниот М.Л. се здобил со изгореници на левата рака.

– Пожарот избувнал во една од просториите во куќата и бил изгаснат од членовите на семејството, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука