Од РСБСП апелираат: „Вози одговорно-Вози одморен!”
Охрид, 24. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јули 2021 година, СВР Охрид преку отсекот за превенција, а во координација со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП), ја спроведе превентивната кампања „Вози одморен“.
– Притоа, полициски службеници, на сообраќајниот пункт кај Подмолје, на возачите им поделија флаери, фрешери за во автомобил, вода, маички и капчиња со логото „Вози одморен“. Низ кратки разговори, возачите беа потсетувани за неопходноста од внимателно управување на моторните возила како основен предуслов за зголемена сообраќајна безбедност и избегнување сообраќајни незгоди, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |