Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Тешка сообраќајна незгода во близина на Врбјани (Фото)

Охрид, 25. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајна незгода се случи денеска, на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Според првичните, неофицијални информации, во незгодата, која е случила после 18:00 часот во близина на селото Врбјани, учествувале две возила.

No description available.

Очевидци за OhridPress информираат дека во незгодата најверојатно има повредени лица и дека интервенирала екипа на Брза помош.

Од АМСМ соопштија дека сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Врбјани се пренасочува по новиот пат. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука