Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ во Охрид го промовираше новиот партиски концепт, политиките „Македонија сите луѓе“

Охрид, 25. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Охрид одржа промоција на најновиот партиски концепт во пресрет на изборниот циклус, односно политиките „Македонија сите луѓе“.

Ќе им овозможиме на граѓаните сами да одлучат за каков проект да се потроши нивниот данок и ќе направиме децентрализација на институциите, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Денес тука во Охрид ќе ја имам честа и задоволството да го претставам и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и иден градоначалник на Охрид, тоа е доктор Кирил Пецаков. Ќе зборуваме малку за актуелната политичка состојба, ќе зборуваме за два клучни проекта кои што ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира и на локално, но и на централно ниво кога ќе ја преземеме владата се разбира од најкорумпираната политичка елита која што некогаш се појавила во независна Македонија.Првиот проект е мојот данок за мојот проект во мојата општина. Граѓаните ќе можат средствата кои што ги уплаќаат во данокот за имот практично во општинскиот буџет наместо тие средства да се трошат во непродуктивни трошоци, наместо да се трошат во скапо ручеци, патувања и други луксузирања, да можат да изберат за кои проект да ги потрошат тие средства и кој проект да биде реализиран. Еден проект кој што до сега во Македонија не бил запаметен и вториот проект кој што ќе го презентираме е етапното институционалното децентрализирање, односно по преземањето на власта имајќи предвид дека Охрид е колевка на културата не само во Македонија, бидејќи Охрид е на светот, планираме сите оние институции кои што се поврзани со културата и останатите да ги мигрираме од Скопје практично тука во Охрид, вклучително во крајна мерка и самото министерство за култура, така ќе постапуваме и со други градови и општини во Македонија, мигрирање на институциите, односно институционална децентрализација. Денеска малку повеќе ќе зборуваме овде во Охрид на таа тема, чувствуваме дека ќе биде интересно и ве поканувам да останете до крај на трибината ќе има што да слушните, истакна Мицкоски.

Пецаков: Охрид ќе биде светска туристичка дестинација, ќе се бориме против дивоградбите и ќе се грижиме за статусот на Охрид во УНЕСКО

Пратеникот и кандидат за градоначалник на Охрид д-р Кирил Пецаков истакна дека и како кандидат за градоначалник на Охрид ќе направи се’ за да граѓаните на општина Охрид се горди и имаат подобри услови за живот. Кандидатот за градоначалик на град Охрид Пецаков кажа дека овие локални избори се од голема важност и дека од нив зависи промената на политичките сили на политичката сцена и пораз на националните понижувања од страна на СДСМ.

– По сите неправди кои што  ни се случија зарем треба да се откажеме зарем нашите предци така лесно се откажувале. Секако дека не. Драги мои стојам пред вас гордо со исправена глава искрено и чесно и ви ветувам за Охрид и охриѓани доаѓаат поубави времиња. Занимавајќи  се со политика скоро 20 години постепено напредувајќи низ структурите на партијата сум бил на низа политички одговорни функции за сега да бидам пратеник во собранието на Република Македонија.  Во овие 4 години владеење на СДСМ и Заев видовме само национален срам и понижување особено во последната година после предвремените парламентарни избори видовме дека буквално не постојат ниту граници, а уште помалце национални чувства.  Токму ова последново е мојата ѕвезда водилка во кандидатурата за градоначалник на Охрид и ми дава посебен мотив и искрена желба за успех затоа што сум убеден дека победа на локалните избори во Охрид ќе покрене и низа политички процеси вклучувајќи ја и промена на политичките сили на политиката сцена во Македонија, рече Пецаков.

Тој потенцираше  дека е падот на СДСМ и Заев на локалните избори ќе даде патоказ кој ќе води кон светла иднина на државата и сите граѓани.

– Победа на ВМРО-ДПМНЕ на локлните избори ќе значи крај на хибридниот режим на Заев и СДСМ. Цврсто убеден дека патоказот кој ќе го добие Македонија ден после победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ ќе не води кон светла иднина и подобро утре за сите луѓе. Браќа и сестри со кандидатурата за градоначалник покрај мотив чувствувам и чест и одговорност за дадената доверба од страна на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски и можноста да бидам дел од тимот кој ќе го започне почетокот на крајот на хибридниот режим на Заев дополни Пецаков.

Пецаков од Охрид порача дека главната цел на неговата кандидатура за градоначалник на Охрид е да го направи Охрид поубаво место за живеење и место каде младите ја гледаат својата перспектива. Охрид да биде град и светска туристичка дестинација. Пецаков истакна дека фокусот како градоначалник ќе му биде на проекти и теми поврзани со борба против дивоградбите, урбанизирање на сите неурбанизирани населби во градот, изградба на велосипедски патеки, грижа за статусот на Охрид во УНЕСКО поддршка на угостителско туристичкиот сектор и многу други проекти и идеи кои се од круцијална важност за општина Охрид.

Но секако покрај главниот мотив се кандидирав за градоначалник за Охрид да биде поубаво место за живеење, Охрид да биде град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина Охрид да биде светска туристичка дестинација град кој ќе блесне со сиот свој сјај. Мои Охриѓани бидете убедени дека никогаш нема да ве разочарам. Фокусот на она што ќе го одбележи мојот мандат ќе биде ставен на неколку главни теми и проекти поврзани со истите но секако дека динамиката на работата која што ќе биде наметната ќе биде можност за остварување на многу проекти кои што  ќе ја променат и подобрат сликата за Охрид генерално. Денес ќе споменам дел од идеите и проектите поврзани со културата и туризмот како тема на денешната трибина а би биле дел од програмата за претстојните локални избориа тоа  е максимално вложување и борба со создавањето на нови дивоградби и дивеењето со урбанизмот, урбанизирање на сите населени места во Охрид кои долги години немаат урбанистички планови, изградба на велосипедски патеки, грижа за Охрид и статусот на Охрид во УНЕСКО и постапување по нивните препораки, ревитализација на студечишкото блато додека во делот на туризмот максимална подршка во секаква смисла на зборот за угостителско – туристичкиот сектор во Охрид, туристичките оператори, туристичките водичи, станоиздавачите и сите оние кои на некаков начин живеат за и од туризмот во Охрид. И сето ова надополнето со секојдневните потреби и проблеми на граѓаните на општина Охрид и месните заедници ќе биде нашиот приоритет, потенцираше Пецаков.

Пред присутните се обратија и пратениците Велика Стојкоска- Серафимоска и Лидија Петкоска, како и претседателот за Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука