Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во сообраќајката кај Врбјани загина едно лице

Охрид, 25. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице загина, а неколку се повредени во тешката сообраќајна незгода која се случи денеска, на магистралниот пат Кичево-Охрид.

Во незгодата, која е случила околу 18:20 часот во близина на селото Врбјани, учествувале две возила – марка „Голф“ и „Тојота“. Според првичните информации, настрадал возачот на „Голфот“.

Тешка сообраќајна незгода во близина на АрбиновоОд АМСМ соопштија дека сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Врбјани се пренасочува по новиот пат. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука