Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Во вчерашната сообраќајка загина жител на струшка Долна Белица

Охрид, 26. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти јули 2021 година, во 18:20 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Врбјани, општина Дебрца.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Г.Р. од струшкото село Долна Белица и патничко моторно возило „Тојота корола“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Б.Б. од Охрид. На местото на незгодата починал Г.Р., додека со тешки телесни повреди се здобиле Б.Б., неговиот сопатник, 62-годишниот  С.Б. од Охрид и шестгодишно дете, сопатник во патничкото моторно возило „Фолксваген голф“. Со телесни повреди се здобило 10-годишно дете, сопатник во патничко моторно возило „Фолксваген голф“ од село Долна Белица, струшко. На лицата им била укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. На местото на настанот, увид изврши од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука